Во Србија поради корона-бумот ќе работат само продавниците и аптеките?

Да се затворат угостителските објекти и да останат да работа само прехранбените продавници, аптеките и бензинските пумпи, предлага д-р Тања Јовановиќ, професорка на Медицинскиот факултет во Белград.
Епидемиолошката ситуација со ковид во Србија станува алармантна и итно е потребно да се воведат нови рестриктивни мерки, вели вирусологот и професорка на Медицинскиот факултет во Белград, Тања Јовановиќ.

Како што пренесува Н1, д-р Јовановиќ смета дека за да се стави ситуацијата под контрола потребно е да се затворат угостителските објекти и некои други несуштински бизниси.

„По 17 часот треба да бидат затворени угостителските објекти и да останат да работат само прехранбените објекти, аптеките и бензинските пумпи. Епидемиолошки мерки имаме само на хартија, но се однесуваме како да не постојат. Немаме инспекција која би казнувала луѓе кои не ги почитуваат. Кога би се почитувале основните мерки, ситуацијата би била драматично поинаква“, вели д-р Јовановиќ.
Таа оценува дрка многу доцна се воведени ковид-пропусниците и дека е потребно прво да се воспостави контрола над епидемијата.

„Епидемијата во овој четврти бран го достигна највисокото ниво. Голем е бројот на заразени, хоспитализирани, огромни се редовите пред ковид-амбулантите, а имаме заболени со многу тешки клинички слики“, додава Јовановиќ.
Според неа, болеста најмногу се шири кај невакцинираните и со тоа што голем број луѓе не сакаат да примат вакцина против ковид овозможуваат вирусот да добие на сила, а луѓето да развиваат тешка клиничка слика, а со тоа да се преполнуваат болниците.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e