Во Србија почина двегодишно дете, неофицијално било претепано

Двегодишно дете почина вчера во Зајечар, Србија, пишува локалното Радио Магнум, а пренесуваат српските портали.

Според неофицијални информации, детето било претепано, удирано со шлаканици и тупаници, додаваат оттаму.

Мајката го донела детето во локалниот Здравствен дом каде лекарите се обиделе да го реанимираат, но можеле само да констатираат дека е мртво.

Засега нема официјални информации за случајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e