Во САД се уапсени 11 лица за детска порнографија меѓу кои има и вработени во Дизни и Лего

Вкупно 11 лица, меѓу кои има вработени во Дизни и Лего, се уапсени на Флорида поради поседување и дистрибуција на детска порнографија, соопшти локалната полиција.

Осомничените се обвинети по 660 точки во рамките на операцијата „Чувари на невиност 2“, која има за цел да ги открие лицата кои поседуваат, рекламираат или шират детска порнографија, соопшти полицијата на округот Полк.

Меѓу запленетите материјали има фотографии „на деца, на бебиња кои се силувани од полнолетни мажи“, изјави шерифот на округот Грејди Џад.

Идентитетот на жртвите за сега не е утврден.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e