Напаѓач со голем кујнски нож вчера уби две лица и рани шест на главната улица во Лас Вегас, во Соединетите Американски Држави, пред да биде уапсен, соопшти полицијата. Ранетите се префрлени во болница, тројца од нив се во критична состојба, останатите се стабилни, соопштено е во Лас Вегас.
Полицијата соопшти дека почнала да прима повици за нападите околу 11:40 часот по локално време (20:40 часот по средноевропско време) од улицата спроти казиното и хотелот Вин.
Според полицијата, убиени се двајца граѓани на Лас Вегас.
Полицијата го опиша осомничениот како маж на околу триесет години и додаде дека работи на потврдување на неговиот идентитет. Тој не е жител на Лас Вегас.
Нападите со нож биле неиспровоцирани, соопшти полицијата.
Во еден момент напаѓачот почнал да бега, по што следеле лица кои повикале полиција. Подоцна бил приведен. Полицијата пронашла голем, долг нож за кој се верува дека бил употребен во нападот.
„Немаше други учесници во нападот, а булеварот каде што се случи сега е безбеден“, изјави шерифот Кларк Џо Ломбардо кој потврдил дека жртвите на злосторството биле локални жители и туристи.
Полицијата соопшти дека е премногу рано да се шпекулира за можниот мотив за убодите со нож.