Во Грција забрана за влегување во шумски предели – казната е 300 евра по човек

Во шуместите предели околу Солун и на Халкидики, но и во другите шумски предели низ Грција, со одлука на грчката влада, денеска и утре влегувањето пеш или со возила е забрането, а казната е 300 евра по човек, јавуваат грчките медиуми.

Во Грција и денеска се очекуваат пеколни температури до 45° Целизусови и опасноста од шумски пожари е многу висока. Исто така, голема е опасноста од топлотни удари и не се препорачува капење на плажи каде што нема спасители. Во последните денови на екстремно високи температури е зголемен бројот на настрадани капачи поради топлотни шокови, што доведува до срцеви и мозочни удари.

Цивилната заштита на Грција е во највисока состојба на готовност. Зголемен е бројот на дежурни болници и на екипи на Брза помош.

Инспекторите од министерството за труд масовно ги казнуваат работодавачите што ги принудуваат работниците да работат на отворено по 11 часот. На сила е забрана за работа на отворено.

Инаку, за областите Еврос и Тесалија, кои лани беа погодени од пожари и поплави и немаат туристи има посебни привилегии. Туристите што сакаат да одмораат таму, ќе добијат ваучери од по 200 евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e