Во Црна Гора запленети 1,5 тони кокаин

Црногорската полиција синоќа откри и конфискува околу 1,5 тони кокаин во Подгорица.

Се уште нема офиццијални информации, а медиумите јавуваат дека во акцијата се уапсени неколку лица.

Медиумите наведуваат дека кокаинот е пронајден во предградието на Подгорица, Зета, и дека пристигнал во Црна Гора преку пристаништето Бар.
Дневниот весник „Дан“ објави дека станува збор за 1.400 пакети дрога што содржат 1.600 килограми кокаин и дека на пакетите пишува „КОВИД“.

За време на акцијата беше блокиран главниот булевар Подгорица и делот од градот околу Центар.

Тоа е најголема заплена на дрога досега во Црна Гора.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e