Во Црна Гора повторно задолжително носење заштитни маски

Во Црна Гора, поради влошување на епидемиската состојба предизвикана од коронавирусот, во следните 15 дена ќе биде задолжително носење заштитни маски, а здравствените власти уште еднаш апелираа до граѓаните да се вакцинираат против Ковид-19.

Директорот на Институтот за јавно здравје Игор Галиќ изјави дека е воведено задолжително носење заштитни маски во сите институции на јавната администрација, продавници за храна, аптеки и бензински пумпи, поради зголемувањето на бројот на заболени и хоспитализирани лица.

Галиќ додаде дека заштитните маски се задолжителни и во затворените места на аеродромот, железничките и автобуските станици и најави дека ќе следи задолжително носење маски во сите затворени места доколку тие мерки не доведат до подобрување на состојбата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e