Заменик-градоначалникот на Белград, Горан Весиќ, денеска изјави дека, според проценките на полицијата, за време на новогодишната ноќ низ централните градски улици поминале околу 100.000 луѓе, а најмногу за време на новогодишниот концерт – околу 50.000 луѓе.
„Сѐ помина без инциденти. Наша проценка е дека во Белград има околу 100.000 туристи и дека Белград за време на новогодишните празници заработил меѓу 90 и 100 милиони евра“, изјави Весиќ за телевизија Пинк, пренесе „Беоинфо“.
Тој рече дека најголем број туристи се од регионот, но имало и многу од Турција, Бугарија, Русија и арапските земји.