Во Австрија почнува исплатата помош од 500 евра за граѓаните

Порано од најавеното во Австрија ќе почне исплатата на паричната помош најавена за граѓаните како помош за справување со поскапувањата.

Владата во Виена планираше исплатата на бонусот од 500 евра да ја почне од 1 октомври, но одлучено е тоа да се направи сега.

Околу 300 илјади Австријци веќе наредните денови ќе добијат 500 евра. Според владината одлука парична помош ќе добијат сите граѓани кои се регистрирани во Австрија.

Возрасните ќе добијат 500, а децата до 18 години 250 евра.

За да се добие помошта што е наречена „климатски бонус”, не е потребно да се поднесе барање туку исплатата се реализира по автоматизам врз основа на регистрацијата на живеалиштето.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e