Владата во Мексико признала дека бројот на починати од коронавирус бил 60% поголем

Мексиканската влада признала дека вистинскиот број на жртви од коронавирусот е поголем од 321 илјади, што е за 60% поголем од бројот на смртни случаи официјално потврдени кој изнесува 201.429.

Како што наведува „АП“, владата „тивко“ го објавила извештајот во кој се наведува дека од почетокот на пандемијата до 14 февруари оваа година се забележани 294.287 смртни случаи, додека од 15. Февруари потврдени уште 26.772 жртви.

Во Мексико се тестираат мал број на жители, но болниците се преполни, па многумина Мексиканци починуваат дома, пред да стигнат на тестирање.

Новите податоци на Мексико, го приближија кон Бразил, кој по бројот на починати е првата земја во светот после САД. Но, Мексико со 126 милиони жители, има помала популација од тие две земји.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e