(ВИДЕО) Запреа експлозиите на муниција во Русија – Илјадници евакуирани, 12 хоспитализирани

12 лица се хоспитализирани откако серија експлозии избувнаа во складиште со оружје во руска воена база во Сибир, предизвикувајќи масовна евакуација на жителите во радиус од 20 километри. Министерството за одбрана на Русија испратило 14 роботи со далечинско управување за да помогнат во борбата против пожарот во воената база.

Администрацијата на локалната самоуправа во рускиот регион Краснојарск соопшти дека рано изутринава запреле експлозии во складиштето за муниција, јави новинската агенција ТАСС.

Министерството за одбрана на Русија соопшти дека испратило 14 роботи со далечинско управување за да помогнат во борбата против пожарот во територијата на воената база.

Во областа Ашинск соопштија дека 11.000 луѓе биле евакуирани од населбите во околината. – соопштија локалните власти.

Русал, најголемиот светски производител на алуминиум надвор од Кина, соопшти дека ги прекинале операциите во својата фабрика за алуминиум во областа Ашинск и ги евакуираше сите, освен неопходните вработени како безбедносна претпазливост. Рафинеријата се наоѓа на околу 30 километри од воената база каде се случија експлозиите.

Експлозиите на муниција траеле околу 10 часа, кои избувнаа откако пожар изби на две места, каде се чуваат 40.000 куршуми.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e