(ВИДЕО) Во возило на Брза помош превезувал дрога – апсење во Србија

Полицијата вчера пресретнала брза помош што ја користела амбулантата на Здравствениот дом во Рашка и запленила три килограми марихуана, а возачот е приведен.

Дрогата била спакувана во три кеси.

Според информациите на порталот Нова.рс, на стариот пат Нови Пазар – Рашка, во близина на новопазарската населба Шестово, запрено е возило на брза помош со рашки регистерски таблички.

Возачот е приведен во СВР Нови Пазар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e