(ВИДЕО) Украински војници пукаат во воздух додека луѓето се туркаат во возовите за евакуација

Украинските војници испукаа неколку истрели во воздух за да го спречат стампедото на главната железничка станица во Киев додека илјадници луѓе се обидоа насилно да влезат во возовите за евакуација.

Толпата беше таква што не секој можеше да се качи во возовите од Киев до Лавов на западот на земјата, а стравот од руски напад растеше. Кога возот застана на перонот, луѓето побрзаа со надеж дека ќе влезат, некои од нив беа со деца и домашни миленици, пишуваат агенциите.

Откако се слушнале вресоци, чуварите испукале неколку истрели во воздухот за да ја растераат толпата.

„Можете сами да видите, опасно е да се пробие толпата со дете. А кучето е исплашено. Искрено, исцрпени сме“, вели триесетгодишната Марија за „Ројтерс“.

Според последните информации на светските медиуми, поголемиот дел од руските воени сили е на 50 километри од самиот центар на Киев, главниот град на Украина. Во меѓувреме, во главниот град на Украина се забележани големи толпи луѓе во подземните станици. Граѓаните на секој начин се обидуваат да го напуштат Киев.

Десетици илјади лица веќе успеаја да ја напуштат земјата, главно жени и деца, а на мажите кои се доволно возрасни за да се борат им беше кажано да останат, пренесуваат медиумите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e