Фризурата на Доналд Трамп, која често предизикува сомнежи дали е вистинска или е перика, го издржала тестот во ударниот термин на американската телевизија во четврток навечер.
Трамп гостувал на “The Tonight Show” кај Џими Фелон, една од најгледаните емисии на американската телевизија, и својот вообичаено остар настап го заменил со симпатично издание.
Го издржал “решетењето” на Фелон и од лево и од десно, поднел дури и имитација на своја сметка, и на крајот му дозволил на популарниот водител да му ја разбушави косата.