(ВИДЕО) Сергеј Трифуновиќ во мртовечки сандак донесен на гласачко место за да гласа

Движењето на слободни граѓани изминативе недели објави серија видеа во кои предупредуваат на изборни нерегуларности, но и ги повикуваат граѓаните да бидат контролори на претстојните избори.

Последно во низата е видеото во кое актерот Сергеј Трифуновиќ глуми „мртовец што гласа на избирачко место“.

Трифуновиќ е донесен на гласачкото место во сандак, каде член на импровизираниот избирачки одбор му дозволува да се потпише на „вистински избирачки список“ поздравувајќи го:

-Па каде си ти? Како во земја да си пропаднал.

-Не прашувај, одговара Трифуновиќ.

После тоа, Трифуновиќ во ковчег го носат пред гласачката кутија, каде откако го заокружил гласачкото ливче прашува „дали сега може повторно да умре“.

На крајот од видеото, српскиот актер им порачува на луѓето во Србија да излезат на гласање.

-Ако не излезете да гласате вие, ќе го донесат вашиот покоен дедо да гласа, вели Трифуновиќ на крајот од видеото.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e