(ВИДЕО) Се спасил за трошка: Го запрел камионот на работ на урнатиот мост

Возач на камион успеал да го сопре своето возило точно на работ на урнатиот мостот на автопатот во италијанскиот град, Џенова.

Поради ова медиумите го нарекоа „најсреќен човек на светот“.

Мостот Моранди во Џенова се урна во вторникот, а италјанската полиција информираше дека загинале 39 лица.

Спасувачката операција сѐ уште трае, а бројот на жртви може да порасне.

Италијанската агенција Анса јави дека властите се сомневаат дека недоволната стабилност на конструкцијата е причина за уривањето.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e