На крајот на говорот на бугарскиот премиер Кирил Петков, негов телохранител успеа да го спаси од снежна топка која беше упатена од присутните на прославата на денот на бугарската независност на врвот Шипка.
На прославата имаше многу проруски Бугари кои цело време го исвиркуваа Петков, му извикуваа предавник, а бараа Бугарија да излезе од НАТО. Најбројни беа припадници на националистичката партија Обнова која има 13 пратеници.
На прославата имаше десетици бугарски и руски знамиња, а за време на премиерскиот говор постојано летаа снежни топки кон говорницата на врвот Шипка.
Бугарија денеска прославува 144 години од државноста, а на 3-ти март 1878-ма година е потпишан Сан стефанскиот договор меѓу Османлиското Царство и Царството Русија. Границите на Бугарија според договорот биле прифатливи за Русија и тогаш биле додадени огромни територии од Македонија и Србија. Новите граници биле воспоставени со Берлинскиот договор истата година кога во преговорите учествувале сите држави, а не само Русија.