Црногорски портали ја објавија снимката од безбедносните камери на која се гледа како Русинка со својот автомобил, без да реагира, го прегазува таткото кој ја турка детската количка на пешачки премин во Будва.
Возилото буквално премина преку бебето и дел од телото на таткото.
Едногодишното бебе ја преживеа сообраќајката , за среќа со полесни повреди, а вознемирениот татко сѐ уште се опоравува од преживеаниот шок. Тие биле туристи од Холандија.
Против Русинката е поднесена кривична пријава.