Најмалку седум лица настрадале во бродолом во Дунав кај Будимпешта, а се трага по 21 лице.
Патниците биле туристи, од Јужна Кореја, а потрагата се одвива отежнато поради високиот водостој.
Сосема обично пловење на Дунав се претворило во трагедија откако бродот со 32 патника и двајца членови на екипажот се превртел и потонал.
Една од камерите кои се наоѓаат на втвот на хотел кој е во близина ја снимил трагедијата.
Може да се види дека околу 21 часот два брода се судриле.