Граѓанските протести во Црна Гора против Законот за слободна вероисповест се проширија низ повеќе градови во државата, а има и повредени, јавуваат црногорските медиуми. Критичарите, кои ја подгреваат масата пак, сметаат дека Законот е донесен против Српската православна црква.
Според црногорскиот портал „Актуелно“, граѓаните во Зета го блокирале патот и ја каменувале полицијата, по што полицијата вратила со солзавец.
„Еден полициски службеник доби повреда во главата“, соопштуваат од полицијата.
Од Полициската управа соопштуваат дека за идните инциденти ќе ги сметаат за виновни организаторите на протестите, вклучувајќи ги и свештениците.