Американскиот претседател Џо Бајден направи уште еден гаф во низата јавни гафови, откако потпретседателката на САД, Камала Харис ја нарече претседател.
„Кога претседателката Харис и јас…“ – ја започна Бајден реченицата за време на прес-конференцијата за вакцинацијата против Ковид 19 во САД.
Потоа напрви мала пауза, па продолжи:
„…неодамна направивме виртуелна турнеја во центарот за вакцинација во Аризона, една од медицинските сестри кои ги вакцинираа луѓето рече дека секоја доза на вакцина е доза на надеж“, додаде американскиот претседател.
Бајден еднаш веќе ја направи оваа грешка, во декември минатата година, кога ја „промовираше“ Харис и ја нарече „избран претседател“.
Исто така, непосредно пред да биде избран за претседател, Бајден имаше серија јавни гафови, кои продолжија и откако тој официјално стана претседател на САД.
BIDEN: "When President Harris and I…"
🙄🙄🙄 pic.twitter.com/TivsTVzcOd
— Daily Caller (@DailyCaller) March 18, 2021