(ВИДЕО) На аеродром во Русија се судрија два авиона

На рускиот аеродром „Сургут“ се судриле два авиона.

Авионот „АТР-72“, кој за време на инцидентот бил под процедура за одржување и имал вклучени мотори, почнал да се движи од засега непознати причини, што предизвикало судир со авионот „јак-40“, пренесува РТ.

Локалните медиуми објавија дека двата авиона претрпеле механичко оштетување, но дека во моментот на судирот во леталата немало патници или членови на екипажот, односно нема повредени лица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e