(ВИДЕО) Франција: Бегство од затвор со хеликоптер

Озлогласениот францускиот гангстер Редоан Фаид со помош на тројца вооружени соучесници успеал да избега од затвор со помош на хеликоптер, објави Би-би-си. За време на бегството никој не бил повреден.
Хеликоптерот слетал во дворот на затворот, а Редоан Фаид (46) успеал да избега благодарение на диверзија од страна на неговите соучесници на влезот во затворот „Рео“ во Сена и Марна, јужно од Париз.

„Вооружени командоси слетаа со хеликоптер на делот од затворот кој е наменет за прошетка на осудените лица, а затвореникот бил во собата за посети“, соопшти француското министерство за правда, објави АП.

Полицијата пронајде запален хеликоптер во областа Гонс. Францускиот весник „Монд“ пренесува изјава од неименуван претставник на администрацијата на затвор, во која се вели дека целата акција траела само неколку минути.

Ова не е првпат Фаид да избега – во 2013 година со помош на експлозијата избегал од затвор, а бил уапсен шест недели подоцна во хотел.

Фаид бил осуден на 25 години затвор за убиство на млад полицаец за време на вооружен грабеж во 2010 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e