Амбасадорот на Русија во Турција Андреј Карлов е застрелан од огнено оружје на отворањето на изложба на фотографии во Анкара, јавија турски медиуми.
Тој е префрлен во болница со тешки повреди, а во нападот се повредени уште неколку лица. На местото на несреќата стигнал министерот за внатрешни работи на Турција Силејман Сојлу.