И официјален Лондон се вклучи во јавната дебата за преговорите меѓу Белград и Приштина. Велика Британија соопшти дека е против размена на границите на Балканот и оти Србија и Косово би требало проблемот да го решат со взаемно признавање. Портпаролот на британското Министерство за надворешни работи рече дека нормализацијата на односите меѓу Косово и Србија е клучна за безбедноста, стабилноста и напредокот на двете земји и на поширокиот регион.