Децата во Велика Британија ќе започнат да примаат вакцина против коронавирус во август, во согласност со владините планови за максимален можен имунитет на нацијата кон коронавирусот, објави „Телеграф“.
Тој рок е неколку месеци порано од претходно најавениот, пишува весникот, наведувајќи два извори вклучени во плановите.
Пред да донесат конечна одлука, владините службеници ги чекаат резултатите од студијата за деца на вакцината развиена од Универзитетот „Оксфорд“ со „Астразенека“.
Во извештајот на „Телеграф“ се вели дека наскоро се очекуваат податоци за безбедноста од студијата спроведена на 300 волонтери на возраст од 6 до 17 години, со заклучоци во јуни или јули.