Новиот Закон за високо образование се враќа на времето на Груевски кога фетишот на “трудови во списанија со импакт фактор” стана не опсесија, туку закана – особено за кадарот од општествените науки. Реално, критичката мисла за владетелите обично доаѓа од таму (колку и да е скромна), а не од техничките или притодните науки. Сега ИФ се “преведува” во т.н. Н-index, Web of Science. Иронијата е што изумов е измислен и поддржан од оние кои ниту ги исполнуваат тие фантастични индекси, туку и кои не се засегнати од нивната идна примена.
Си вовеле одредба дека ова не важи за тие кои се веќе избрани во доценти или вонредни професори во времето кога Законот стапува во сила!
Накусо, товарот се префрла на почетниците во науката, оние кои тукушто докторирале и кои реално немале шанса да остварат H-index 4. Да повторам: нивни рецензенти ќе бидат луѓе со индекс НУЛА! Или кои Web of Science воопшто ги нема на радарот. Не постојат! Кажете кој брилијантен млад кадар ќе сака да остане во Македонија во вакви околности!?!
Овие го убиваат високото образование со умисла.
Патем, на овој начин се стимулираат мали задруги за штанцање трудови, со по 5-10 коавтори, кои ќе објавуваат во списанија кои се соодветни но нудат брза лента (еден месец од поднесување на трудот до негово објавување) за надомест околу 1200-1400 швајцарски франци или друга валута. Тоа е таа комерцијализација во која и престижот се купува, а науката губи смисла за колективното добро.
Да не мислите сега некој ќе се буни и самоорганизира за јавна дебата?! Нема шанси! Ќе си молчат “мудро” и ќе гледаат како најдобрите млади заминуваат.
ФБ став на Билјана Ванковска
