Украински авион со оружје кој полетал од Ниш, ја поминал нашата земја Македонија и се сруши во Грција во близина на градот Кавала.
На веб-страницата FlightRadar е наведено дека авионот регистриран UR-CIC, карго-превозник Meridian Air Cargo, полетал од Ниш во 20:36 часот. Податоците на страницата покажуваат дека авионот Антонов АН-12БК влегол над Егејското Море, се свртел во близина на Тасос кон брегот и наеднаш почнал да губи брзина.
Противпожарните екипи и возилата за итни случаи се на местото на несреќата, а пристапот до сите во радиус од 500 метри е забранет.