Украинците тврдат дека убиле уште еден руски генерал

Украина тврди дека убила уште еден руски генерал.

„Како резултат на нападот на непријателот, загина командантот на 8-та армија на Јужниот воен округ на вооружените сили на Руската Федерација, генерал полковник Андреј Мордивчев“.

Оваа информација не е потврдена, а ја објави украинската армија на својот официјален профил на „Твитер“.

Ова е петти руски генерал кој, според Украинците, загинал за нешто повеќе од 20 дена, колку што трае воениот судир.

Пред само три дена Украина објави дека го убила генерал-мајор Олег Митјајев за време на интензивните борби во предградие на југоисточниот град Мариупол.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e