Убиен и шести руски генерал – тврдат Украинците

Михаил Подољак, советник на украинскиот претседател, тврди дека во Украина биле убиени шест руски генерали.

“Високата стапка на смртност на високите офицери на Руската Федерација е фрапантна. Шест генерали веќе се убиени: мајор Генс Тушаев, Герасимов, Колесников, Суховецки, Митјаев и генерал-полковник Мордвичев. Десетици полковници и други офицери. Руската армија е целосно неподготвена и се бори само со бројност и крстосувачки ракети“, рече тој.

Во меѓувреме, друг советник на претседателот, Алексеј Арестович, вели дека линиите на фронтот меѓу украинските и руските сили се „практично замрзнати“, бидејќи Русија нема доволно борбена сила за да напредува понатаму.

– (Во текот на изминатиот ден) практично немаше ракетни напади врз (украинските) градови – додаде Арестович.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e