Мевљут Мерт Алтинтас наводно е името на напаѓачот што го уби рускиот амбасадор во Анкара, а тој бил полицаец во единицата на специјалните сили, јавија некои турски медиуми.
Тој е униен непосредно откако пред нардото собран во националната галерија го застрела рускиот амбасадор додека држеше говор.
Москва сега го смета убиството на рускиот амбасадор во Анкара за терористички напад, соопшти руското министерство за надворешни работи.
„Ова што се случи ние го квалификуваме како терористички напад. Во моментов сме во контакт со турските власти, кои нè уверуваат дека ќе биде спроведена темелна, сеопфатна истрага“, рече портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова.