Уапсен пратеникот и на „Златна зора“ кој повика на воен удар

Пратеникот на грчката неофашистичка партија „Златна Зора“, Константинос Барбарусис е уапсен утринава во Атина, во домот на негови пријатели.

Како што пишуваат грчките медиуми, пратеникот е уапсен од страна на антитерористички полициски сили. Тој беше во бегство од петокот.

Со одлука на лидерот на Златна Зора, Никос Михалољакос и со согласност од пратеничката група, пратеникот Константинос Барбарусис е избришан од партијата поради неговиот став изнесен од собраниската говорница кога ја повика војската да ги уапси Ципрас, Каменос и Павлопулос.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e