Јапонските медиуми известуваат дека Карлос Госн, контроверзниот генерален директор на Renault-Nissan-Mitsubishi алијансата се наоѓа на испрашување во обвинителството во Токио, заради сомневање дека ги фалсификувал финансиските извештаи на компанијата.
Nissan потврди дека се истражуваат финансиските извештаи, додека од обвинителството одбиваат коментар, пренесе агенцијата АР.
Се прецизира дека Госн е осомничен бидејќи не пријавил стотици милиони јени приход.