Туристите кои ќе се разболат од коронавирусорт за време на престојот во Црна Гора, ќе се лекуваат на товар на државата

Во пресрет на туристичката сезона во Црна Гора, здравствените протоколи беа финализирани, а Владата донесе одлука за обезбедување на болничко лекување на странски туристи кои се разболеле од коронавирус за време на престојот на штета на државата. Министерот за економски развој Јаков Милатовиќ на прес-конференцијата рече дека здравствените протоколи ќе бидат дистрибуирани до туристичката индустрија и амбасадите следната недела и ќе бидат на англиски и руски јазик.

Министерката за здравство, Јелена Боровиниќ Бојовиќ, рече дека се обиделе да го поедностават протоколот и дека на туристите ќе им биде објаснето како да се однесуваат ако почувствуваат симптоми на ковид или се заразат со вирусот пренесува „Вијести“.

ПЦР тестирањето, во случај на потреба пред враќање на туристите во нивната земја, ќе се изврши непречено во Црна Гора на два паралелни начина – едниот ќе биде организиран со помош на Институтот за јавно здравје на Црна Гора и ќе се изведува бесплатно, а туристите ќе имаат и можност за правење тестови во приватни лаборатории, додаде министерот.

Сите хотелиери ќе одвојат 10 проценти од капацитетот за можни случаи на ковид-19, најави и Боровиниќ Бојовиќ.

Кон крајот на април Црна Гора соопшти дека ги укинува задолжителните ПЦР тестовите за туристите од Македонија, Русија, Белорусија, Украина, а на таа листа од поодамна за влез во државата без тест се наоѓаат граѓаните на Србија, Хрватска, БиХ и Албанија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e