Туристички брод удрил во брегот во хрватскиот град Сплит и потонал, а патниците се евакуирани и поминале без повреди.
Станува збор за бродот „Морска вила“ со 40 патници кој синоќа удрил во западниот брег на Сплит и потонал, пренесуваат медиумите во регионот. Жупанискиот оперативен противпожарен центар во Сплит соопштил дека бродот долг 21 метар потонал и дека е можно загадување на морето, пишува Вечерњи лист. Сите служби за итна помош биле на местото на настанот.