Тројца уапсени поради уривање на жичарницата во северна Италија

Италијанската полиција уапси три лица под сомнение дека се виновни за уривање на жичарницата во близина на езерото Маџоре.

Во несреќата во неделата загинаа 14 лица, а единствениот преживеан е петгодишно момче, кое е во болница и се уште е во животна опасност.

Истрагата покажа дека кабината била неисправна на почетокот на мај и дека директорите се јавиле во компанијата што требало да го поправи дефектот на безбедносната сопирачка. Дефектот, сепак, не бил отстранет, а кабината е оставена да функционира со надеж дека главниот, потпорен кабел нема да пукне и дека нема да има потреба од безбедносна сопирачка.

По 12-часовно испрашување, уапсен е сопственикот на компанијата што управувала со жичарницата, како и извршниот и техничкиот директор. Според полицијата, истрагата продолжува, а можно е да бидат приведени и други луѓе.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e