Напаѓач уби три лица, а рани уште две во главниот кампус на Универзитетот во Вирџинија во Шарлотсвил, а осомничениот, кој е студент на истиот универзитет, сè уште е во бегство.
Осомничениот, кого полицијата го идентификуваше како Кристофер Дарнел Џонс Џуниор, се верува дека е вооружен и опасен. Тој е опишан како облечен во бордо јакна со сини фармерки и црвени чевли, а полицијата вели дека вози црн автомобил. Универзитетските власти сè уште ги немаат идентификувано жртвите ниту пак открија дали се работи за студенти.
На веб-страницата на универзитетот се вели дека Џонс е фудбалер, но како бруцош не настапил на ниту еден натпревар. Во мејл испратен до студентското тело од потпретседателот на универзитетот се препорача сите студенти да останат на безбедни локации и да ги следат наредбите за засолниште бидејќи проблемот сè уште не е решен.
Пукањето е последно во бранот оружено насилство во американските колеџи и средношколски кампуси во последниве години. Крвопролевањето поттикна дебата за построги ограничувања за пристап до оружје во САД, каде што вториот амандман на Уставот го гарантира право то на носење оружје.