Шестгодишнно дете загина во пукање на фестивал за храна во Калифорнија. Детето било убиено, заедно со уште две лица кои присуствувале на последниот фестивалски ден во Гилрој.
Пукањето се случило околу 17.30 часот по локално време, кога непизнато лице почнало да пука врз посетителите на фестивалот . Станува збор за тридневен фестивал кој што се одржува секој година во градчето кое има 50 илјади жители и се наоѓа на 48 километри јужно од Сан Хозе.
Полицијата го уби напаѓачот, чиј мотив останува нејасен, но сведоци велат дека имало и втор осомничен.
Бабата на Стефан, Марибел Ромеро, изјави за медиумите дека Стефан веќе бил мртов кога таа пристигнала во болницата.
,,Јас само се надевам дека има правда и дека ќе ги фатат и другиот напаѓач. Сакам правда за мојот внук”, изјави Марибел Ромеро бабата на 6 годишното момче. Таа вели дека нејзината снаа и другата баба на Стефан биле исто така застрелани и хоспитализирани.
Портпаролката на болницата „Santa Clara Valley“ потврдила дека кај нив се хоспитализирани пет лица.
Претходно началникот на локалната полиција Скот Смити изјави дека во пукањето се убиени три посетители на манифестација, како и напаѓачот, а настрадале 60 лица, од кои 15 луѓе се ранети.
Полицијата сé уште испитува дали имало втор напаѓач вклучен во пукањето.
„Неверојатно е тажно и обесхрабрувачки настанот кој ѝ носи многу добро на заедницата да мора да доживее ваква трагедија“, изјави Смити на прес-конференцијата.
Видео записите покажуваат како луѓе бегаат од сторителот, а прелиминарните извештаи сугерираат дека имало повеќе напаѓачи.
