Известувачот на Обединетите нации Нилс Мелцер, оцени дека третманот кон основачот на Викиликс, Џулијан Асанж го загрозува неговиот живот. Мелцер смета дека здравствената состојба на Асанж по апсењето и притворот од почетокот на годината констатно се влошува по што наведе дека „неговиот живот е во опасност“.
„Доколку Велика Британија не го промени однесувањето и нехуманата ситуација во која е и натаму изложен Асанж со арбитражноста и кршењето на неговите права, би можело да го чини и живот“ изјави Мелцар.
Според него, постои огромна причина за загриженост поради новите медицински информации од неколку доверливи извори, според кои Асанж влегол во „волшебен круг на анксиозност, стрес, немоќ, што е типично за лице изложено на продолжена изолација и постојана арбитрарност“.
Асанж на 11 април беше исфрлен од амбасадата на Еквадор во Лондон, во која беше од 2012 година. Вашингтона го обвинува Асанж за шпионажа и му се заканува екстрадиција во САД.