Судот во Мелбурн соопшти дека има докажзи дека на кардиналот Џорџ Пел, трет човек во Ватикан, ќе му биде судено по најмалку една тужба за сексуално злоставување.
Судијката Белинда Валингтин вели деа постојат доволно докази за да му се суди на кардиналот, кој е еден од најблиските советници на папата Франциск, за некои дела, но за некои нема докази.
Пел, 77-годишен финансиски советник на папата ги отврли сите обвиненија. Повеќето поднесени докажи во случајот на Пел се доверливи.
Обвинението против Пел се однесуваат на сексуални злосторства од минатото, сторени во Австралија.
Ватикан лани го прифати барањето на кардиналот да земе слободно време, да оди во Австралија и да се соочи со обвиненијата на негова сметка.
Пел треба утре да се појави пред судот во државата Викторија, каде евентуално би му било судено.