Трамп и Мун согласни за одржување на односите со Северна Кореја

Американскиот претседател Доналд Трамп и претседателот на Јужна Кореја, Мун Џае-ин разговараа за дипломатските начини за одржување на односите со Северна Кореја, соопшти Сеул.

Пјонгјанг пак, предупредува дека губи трпеливост поради ќорсокакот околу нуклеарните разговори.

Трамп и Мун Џае-ин се согласиле во получасовниот разговор дека ситуацијата станала сериозна и дека треба да се води дијалог за да се постигнат најбрзи можни резултати од преговорите за денуклеаризација.

Двајцата, според соопштението исто така се согласиле да се консултираат на дневна основа за тоа прашање. Тензиите во корејскиот полуостров растат пред едногодишниот рок поставен од Пјонгјанг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e