Хрватиот весник “Гласот на Истра” јавува дека едно лице смртно настрадало во Ровињ, а засега не се знае дали смртта е последица на сообраќајна несреќа или нешто друго.
Имено, во полицијата во Ровињ околу 14 часот е јавено дека автомобил Мерцедес, со кој управувал пејачот Тони Цетински удрил во тело на маж кое лежело на тротоар.
Неофицијално се дознава дека во овој случај интервенирале и пожарникари, кои го подигнале автомобилот на Тони Цетински за да го извадат телото на починатото лице.
Сите околности на оваа трагична несреќа се уште се утврдуваат, а после завршениот увид и обдукција би требало да се знае дали мажот веќе бил мртов кога Тони го прегазил.