Возачот на автобусот Ж.Г. (56) од Пејковац е пронајден мртов утрово околу 7 часот на патот помеѓу селата Пејковац и Самариовац во општина Житораѓа.
Како што пренесуваат тамошните медиуми, тој починал откако излегол од возилото за да изгасне пожар што избувнал во задниот дел од автобусот.
– Возачот почнал да го гаси пожарот во задниот дел од возилото, по што ненадејно починал. Полицијата го известила обвинителството, кое наредило обдукција. По обдукцијата ќе се утврди дали смртта настанала поради испарувања или причината за смртта е на некој друг начин – вели извор за „Блиц“.
Според првичните информации, во автобусот немало патници.