Тинејџерка се породила дома и го закопала бебето во дворот

Американката Брук Скајлар Ричардсон е на суд за чедоморство зашто пред две години го убила своето новородено бебе, кое го нарекла Анабела.

Само еден месец пред породувањето, тогаш 18- годишната тинејџерка сфатила дека е бремена и се распрашувала кој е најефикаснуиот начин ,,да се ослободи”.

Гинекологот , кој и ја потврдил бременоста и рекол дека не мора да го задржи бебето , доколку не сака. Таа му одговорила дека има намера да оди на факултет и бебе не и е потребно.

Брук се породила среде ноќ , сама во тоалетот во куќата каде што живеела со родителите. Потоа го убила бебето и го закопала во дворот.

Следниот ден објавила фотографии на социјалните мрежи во тесен црвен фустан , каде напишала дека конечно си ја вратила фигурата.
Претходно, утрото по породувањето, отишла во теретана и се сликала со дигната маица за да покаже дека нема стомак.

Ужасното убиство било откриено кога отишла кај гинекологот за да побара пилули за контрацепција. Тој ја прашал што се случило со бебето , а тинејџерката тогаш низ плачење му ја открила вистината.

На судењето сведочел и 21 годишниот Треј Џонсон , кој потврдиле дека е татко на бебето и дека имале два пати секс со Брук , а едниот пат без заштита.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e