Терористот од Крајстрч обвинет за 50 убиства и 39 обиди за убиство

Новозеландската полиција го прошири обвинението против австралискиот десничарски терорист Брентон Тарант (28), кој уби 50 луѓе во нападот на две џамии во Крајстрч.

Тарант првично беше обвинет за убиство, но судијата истакна дека бројот на обвиненија неизбежно ќе се зголеми. Тој сега е обвинет за 50 точки од обвиненијата за убиство и 39 обвиненија за обид за убиство, пренесува Хина.

Тарант првпат се појави на суд во саботата и при тоа не се изјасни за вината, ниту побара ослободување со кауција

На 15 март, Тарант влезе во џамијата Ал Нор околу 13:30 по локално време, кога се одржауваа попладневни муслимански молитви и отвори оган кон верниците. Тој испука повеќе од 100 куршуми, само во џамијата. Со себе имал најмалку шест пушки. Терористот потоа се возел седум минути до следната џамија во предградието Линвуд, каде што продолжи со масакрот.

Триесет и шест минути по првата дојава за нападот, Тарант е уапсен во возило каде што, според полицијата, имало импровизирани експлозивни направи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e