Терористички напад во џамија во Иран, најмалку 15 загинати

Најмалку 15 лица загинаа, и десетици други се ранети во денешниот терористички напад во светиот храм Шах-е Чераг во јужниот ирански град Шираз. Нападот го извршиле три лица кои пукале кон верниците внатре во локацијата.

Двајца терористи се уапсени, а третиот се уште е во бегство.

Според првичните информации на локалните медиуми, најмалку 13 лица се убиени, а 40 други се повредени во нападот.

Есмаил Мохебипур, заменик-гувернер на провинцијата Фарс за политички, безбедносни и социјални прашања, рече дека вооружените терористи започнале со пукање во храмот за време на вечерната молитва.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e