Танјуг: Курти не се откажува од „Голема Албанија“

Албин Курти, кандидатот за премиер на Движењето Самоопределување, кој според првичните прелиминарни резултати на ЦИК, доби најголема поддршка од косовските граѓани на последните предвремени избори, вечерва повтори дека е за национално единство на Албанците во рамките на федерацијата, а никако во рамките на Европската унија.

„Ниту едно национално обединување на Албанците не може да се случи во рамките на Европската унија“, рече Курти во интервјуто за КТВ, прво од прогласувањето на изборната победа.

„Не можам да кажам дека националното единство се случува во ЕУ. Тука се придружуваме на Данците, Австријците и Шпанците. Нашиот сојуз треба да се случи овде“, рече Курти.

Лидерот на Движењето Самоопределување посочува дека националното обединување е „историски интерес на Албанците“, а цитирајќи го починатиот поранешен лидер на македонската албанска партија ДПА, Арбен Џафери, велејќи: „Ние не избираме (албанска) унија, но тоа не одбира нас“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e