СЗО со предупредување: По короната нова болест на повидок – се заканува на половина од светското население

Светската здравствена организација (СЗО) е загрижена за ширењето на денга треската во Европа и светот, која ја пренесуваат азиските тигрести комарци, кои обично живеат во тропските и суптропските региони.

Од 2000 година, бројот на годишни случаи на денга се зголеми за осум пати. Минатата година, 4,2 милиони луѓе беа болни, рече Раман Велајудан, шеф на одделот за запоставени тропски болести на СЗО.

„Денгата сега се заканува на половина од светското население“, предупреди тој.

Европската СЗО веќе забележа локални случаи на инфекција во неколку десетици земји, вклучувајќи ги Шпанија и Франција.

Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ЕЦДЦ) сè уште не пријавил инфекција на континентот оваа година. Велајудан рече дека топлотните бранови и високите температури ги сушат областите каде што се размножуваат комарците и затоа го намалуваат ризикот од инфекција.

Комарците се размножуваат во застоена вода, па Велајудан ги предупреди сите држави да бидат внимателни по дождовите.

СЗО проценува дека во светот има до 400 милиони заразени луѓе. Проценката е тешко да се прецизира, 80 отсто од заразените немаат симптоми или се благи, па затоа не одат на лекар.

По првата инфекција, луѓето стекнуваат имунитет на еден од четирите видови на вирусот, но втората инфекција може да биде посериозна и опасна по живот, додаде тој.

До јули, Северна, Централна и Јужна Америка веќе го пријавија бројот на заразени и починати. Лани во исто време, имаше 2,8 милиони заразени и 1280 смртни случаи. Не постои лек за денга, освен оној што ја намалува треската. На пазарот постои вакцина чија ефикасност зависи од видот на вирусот, но Велајудан препорачува заштита од каснување од комарци и избегнување стоечка вода.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e