Студија: Цивилите се 91% од жртвите на бомбашки напади во градовите во светот

 Цивилите се 91 процент од жртвите на бомбашки напади во населени места низ светот во последните 10 години, вкупно 238.892, според студијата што опфати неколку илјади напади.

Те резултати, кои вклучуваа и терористички напади и напади извршени од редовните вооружени сили на државите, ги натераа истражувачите да подготват предлози и да ги повикаат владите да се согласат на прогласувањето меѓународна забрана за употреба на експлозив во населени места, пренесува Гардијан .

Авторите на студијата посочуваат дека недвосмислено е докажано дека цивилите се најголеми жртви на ракетни и бомбашки напади насочени кон уништување воени цели.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e