Американската порно-актерка Сторми Даниелс ќе се појави на страниците на „Вог“ во октомвриското издание и тоа пред првата дама на САД, Меланија Трамп, да ја има таа чест. Во интервју за магазинот Сторми открива детали за својата секс афера со американскиот претседател Доналд Трамп.
За интервјуто за „Вог“, Сторми Даниелс застана пред објективот на култната фотографка Ени Лебовиц, а со неа позира и нејзиниот адвокат Мајкл Авенати, со чија помош Даниелс почна правна битна против американскиот претседател со цел да докаже дека имала афера со него и дека и платиле да молчи за тоа.
Интервјуто што е објавено на веб страницата на „Вог“ со 39-годишната порно-актерка е насловено „Сторми Даниелс не се повлекува“. На фотографиите таа позира во тоалета од последната колекција на Зак Позен која чини 3.990 долари и носи накит од „Тифани“.
Даниелс за „Вог“ признала дека „морбидна радозналост“ за порно индустријата било тоа што го довело Доналд Трамп до нејзиниот кревет, а искуството со него го опишала како „секс со нормална личност“.
– Сексот траеше само две минути. Колку детали можете да раскажете за нешто што траело толку кратко – рекла Даниелс.
Потоа таа во интервјуто истакнала дека е симпатизер на републиканците, но дека не го поддржува Трамп во однос на неговата политика кон мигрантите од Мексико и жените.
Откако во јавноста излезе секс аферата на Сторми Даниелс со Доналд Трамп, порно-актерката себе си се нарекува бегалец.
– Ми се случувало луѓе да ми фрлаат пораки пред врата и во текот на ноќта да морам да менувам хотели – рекла Сторми во интервјуто за новото издание за „Вог“.
Даниелс додала дека не успеала да ужива во ниту еден оброк откако избила секс аферата, а имала проблеми и со 7-годишната ќерка. Имено, откако непознат маж се обидел да ја фотографира нејзината ќерка, таа ја отпишала од училиште и ангажирала ментор да ја подучува. Истакнала и дека ретко ја гледа.
– Мојата ќерка знае дека Трамп е човек со кого некогаш сум се дружела, три години пред да го запознаам нејзиниот татко – раскажала Сторми.